logo

# Хумор

Нацијата во исчекување на новата епизода од сапуницата за Али!

насловна слика

Нацијата е возбудена како никогаш до сега. Откако ги прежвеаја драмите со "Касандра", "Бандини", "Serijata so Жаде", и "1001 ноќ a.k.a. онаа со Шехерезада", граѓаните на Република КакоќекажеСДСМ се спремни за најновата епизода од нивната омилена сапуница.

Станува збор за серијата во која што младата Али не може да се реши со кого навистина сака да биде во брак. После долгата врска со Бранко, Љубчо, Никола и Зоран, на сцена се појавува нов лик кој што ќе проба да ја ќари Али."Леле луѓе ептен сум возбудена! Ептен многу драми има во серијава! Фали уште некој труден да падне по скали!" - вели Славица (49) и продолжува "Значи омилена серија ми е, не пропуштам епизода. Домашните ми велат дека е предвидлива серијата и дека знаат како ќе заврши се ама не им верувам!"

Има такви кои велат дека оваа серија не е така интересна за нив.

"Видете, оваа серија ја даваат кај нас со задоцнување. Ја даваа во странство пред пар години, ги имам сите епизоди изрежани на ДВД, сакаш да ти ги шитнам?" - изјави Реџеп.

Сепак, без разлика на поделените мислења едно е сигурно - оваа сезона продолжува да биде гледана, а сценаристите на оваа сезона планираат да продолжат со форсирање на истите ликови. Одредени луѓе шпекулираа дека се планира и кросовер епизода со Годзила во која што Годзила ќе ги уништи главните ликови во серијата, но ништо не е сигурно се уште.

Коментари


Остави коментар