После генијалната идеја за прекинување на печатените учебници, милата Мила Царовска најави прекин на користење на вистински професори.
Тие ќе бидат заменети со холограми кои ќе функционираат благодарение на инсталиран софтвер за вештачка интелигенција. Креаторот на софтверот е тотален анонимус, млад дечко на кој му го знаеме само името - Рашко Драговски.
"Видете, професорите само ја трошат и загадуваат околината. Тие се луѓе од крв и месо, Логично е да ги замениме со нешто што е подобро за сите нас. Тие ќе бидат отпуштени, а за да преживеат им препорачуваме да скенираат фискални сметки. Мора да гледаме напред. Во план ни е и да ги укинеме учениците. Доколку ги укинеме учениците тогаш ќе се намали проблемот со училиштата и одлични студенти кои не можат да се вработат. Мора да имате паметни решенија за модерните проблеми. Ама да не избрзуваме, чекор по чекор. Прво предмети, па учебници, па професори, па дури потоа и студентите ќе ги смениме. Чекор по чекор" - изјави Краловска.