logo

# Хумор

Мицкоски: Со 120 пратеници и крв од девица ќе го вратиме името!

насловна слика

Христијан Мицкоски ги постави црвените линии во врска со Преспанскиот договор. 

Можеби некои мислат дека фактот што референдумот не успеа, Заев и Иванов потпишаа договор со која што се гарантира никаква промена на уставот, секоја личност со минимално познавање на политикологија, право и закони знае дека официјалното име на државата треба да биде Република Македонија се доволна причина да се направи логичното, правилното и доброто нешто, но Христијан МицкобезВски не се сложува со тоа.

На митинг пред граѓаните на Горно Подмочани, Христијан Мицкоски кажа дека ќе проба, можеби, ама не ветува, да не греши душа, ама можеби, не е сигурен, да не ветува, ете, можеби да, а можеби и не - дека ќе го направи нештото за што е потребно само 2 IQ само под два услови:

-Да собере 120 пратеници

-Да добие крв од девица

Некои велат дека такво време е што политичарите не' ебаваат како сакаат и полесно е да се пронајде еднорог, чудовиштето од Лох Нес или член на шарената револуција што навистина штрајкува против уставните неправди, но Христијан Мицкоски црвсто се држи на својот став.

Коментари


Остави коментар