Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се појави со свое мислење за главната тема денеска - пратеничка на СДСМ која иако заразена со КОВИД-19 се реши да се појави на седница, облечена во скафандер.
"Ма ајде ви се молам. Оваа криминална влада не знае ништо да направи како што треба. Имале КОВИД-19? Па ние имаме пратеници со КОВИД-20! Не знам дали знаете математика, ама тоа е за еден подобро од 19! И тоа го правиме како опозиција! Па да бевме на власт сигурно ќе го зголемевме бројот уште повеќе! Оваа криминална власт мора да падне! Одма!" - изјави Мицкоски