Пресврт во ситуацијата со изборите за нов претседател на Социјал Демократскиот Сојуз на Вашата Земја!
Откако долго време имаше дилема кој ќе победи на изборите - дали Зоран Заев или Заев Зоран, сепак настана пресврт, небаре ова е филм на М.Најт Шјамалан!
Имено, нов претседател на СДСВЗ ќе биде Никола Груевски откако тој легално го сменил своето име во Зоран Заев!!!
"Долго време се противев на политиката на Зоран Заев. Но сега сфаќам. Менување на име е права ствар и ги решава сите проблеми. Сега и јас сум Зоран Заев. И јас сум лидер на СДСМ. Нема да ветам дека СДСМ ќе го направам како ДПМНЕ, бидејќи тие се многу подобри во мене од тоа. Но ветувам дека ќе го возам Мерцедесот кој го користи Зоран Заев. Барем за тоа ме бива, мило ми е што ми го чуваше." - изјави човекот чие легално име порано беше Никола Груевски.
Поразениот Зоран Заев без никакви негативни забелешки "Победа на демократијата. Ви реков, ова е вистинскиот потег. Менување на име е права ствар. Не можам да се бунам. Се што ми останува е да го сменам името во Димитар Апасиев, па да станам претседател на ЛЕВИЦА. Како што дедо ми отсекогаш велеше - Тоа што не може да се смени со малку менување на име може да се реши со многу менување на име. Одиме напред. Огромна победа на демократијата!"