Македонците се поделија - Корона vs Птичји
Баш кога мислевте дека Македонците се поделени повеќе и од просечен екс-ју бенд и дека не постои шанса да се поделиме за било што друго - време е за нова поделба.
Најновата поделба е на "Фанови на Корона" наспроти "Фановите на Птичји грип". Веќе голем дел од луѓе си ставија рамки на своите фејсбук профилни со нивниот омилен вирус/грип. Фановите на Корона вирусот велат дека ќе победат уверливо и дека нивниот вирус е сто пати поопасен од птичјиот.
"Ебате вирусот ебате. Птичји? Па немој да ме јебеш бе, ние птици сме или луѓе? Само сакаат да навредуваат, мислат дека ние сме птици???? ЛУЃЕ СМЕ БРЕ! ЛУЃЕ СМЕ СЕ РОДИЛЕ И ЛУЃЕ ЌЕ УМРЕМЕ! НЕ ДОЗВОЛУВАМ НЕКОЈ МОЕТО ДЕТЕ ДА ГО НАРЕЧЕ ФАН НА ПТИЧЈИ ГРИП! НИЕ СМЕ ЛУЃЕ! САКАМЕ КОРОНА НЕ САКАМЕ ПТИЦИ!' - вели Столе Столевски, дел од фан групата на Корона.
Од друга страна пак се вели дека Корона е нешто предолго време ја мачи нацијата и дека е време за револуција против Корона вирусот.
"Видете. Корона е лоша работа. Сега, не дека јас сакам птичји грип да добијам, јас сум неутрален. Ама кога ќе падне Корона вирусот, првото нешто што ќе го направам е тоа да се заразам со птичјиот грип. Чисто онака, од нетурален аспект" - вели еден неутрален граѓанин.Групата на фанови на Птичјиот грип порачуваат дека Корона е нешто што е најверојатно дојдено во Македонија благодарение на Кинеското влијание во државата и дека е тука само за да ги натера луѓето да заборави на Птичјиот грип - нешто за што ќе се борат до последната капка крв.
Освен овие две групи на граѓани, постои и група на граѓани кои мудро молчат, а се фанови на најопасниот вирус од сите - вирусот ДУИ.