logo

# Хумор

Љупчо Николовски сам себе се банирал на фејсбук по грешка!

насловна слика

Познатиот човек на кој не му треба никаква најава, а сепак ќе го најавиме, бидејќи слушнавме информации дека и од дома не го знаат каде е и што прави по 16  саати во денот - Љупчо Николовски во нов скандал!

Имено, Љупчо сам себе се банирал од својата фејсбук страница!

"Видете. Мене ретко кој ме фали на фејсбук. Станува осамено некогаш. Почнав и да станувам депресивен. Па затоа, минатиот петок на пијано сум си пишал "Bravo Ljupco majstore pokazi im kako se pravi" - но проблемот настана кога следниот ден се пуштив на фејсбук и мислев дека коментарот е ироничен.

А сите знаеме дека само човек што е ироничен може да ме фали, пошто и Господ (Заев) знае дека нема ниту една причина некој да ме пофали.

Бидејќи нашата партија е претерано демократска, носи живот и слобода на говор во вашата Република, го направив тоа што секој слободен социјалдемократ би го направил - го банирав профилот!

Како тоа он со мене ќе тера сарказам? Хех...

Е сега... проблемот настана кога потоа сфатив дека го имам изгубено контактот до мојата фејсбук страница.

Дури тогаш сфатив дека сам себе сум се банирал.

Тоа е, луѓе сме, грешки правиме." - изјави Љупчо.

Со свое мислење се појави и Љубчо Георгиевски кој кажа дека нема свое мислење за господинот Николовски, но смета дека има печатна грешка во името.

Коментари


Остави коментар