-Здраво Здраво -Како сте денеска? Претпоставуваме зафатено со сите работни обврски. Па да, може така да се каже, од сабајле сум станат, работам ептен, се надевам ќе преживеам некако месецов, ептен напорно некако, плус и со пандемииве, се чувам ептен, знаете како е, хаос. -Ајде, ќе не обвинат дека сме субјективни ако не ве прашаме. Путерот. Што со него? Како реагиравте на целата таа фама? А бе путерот. Батали путерот, џабе нервози и све. Тоа е, путер ко путер. -Луѓе ве напаѓаа и за одморот. Имате ли некој збор да кажете за тоа? Одморот? Што со тоа? -Па, како си поминавте. Кога ќе одите следен пат? Па...уф, не знам од дамна беше. Негде основно одделение во Шула Мина. Од тогаш не сум бил, не ни имам пари. Следен пат… а бе, следен пат. Битно е да сме живи и здрави, за децата лепче, па ете, ако они учат, ако се паметни, ако се чесни и ако се добри… можеби некој ден ќе си заслужат и они пари за на одмор да отидат, а не како мене цел живот во работа да им отиде. -...молам? Господине Љупчо Николовски, малце не’ збунивте тука… Што? Љупчо? Николовски? Не бе, Петар Стојановски сум ја, од Стојаково. Кои сте вие бе? -Па...од Кооперација.мк сајтот што е. Сакаме интервју со Љупчо Николовски да направиме. Не сте вие тој? Не бе друже. Како бе вака обичен човек смешавте со Љупчо Николовски? -Па..овај..неаме појма кој е тој и како изгледа. Што е тој? Министер? Вице нешто? Претседател на нешто? Па неам појма ни ја бе… сигурно небитен лик некој, а? -Па ваљда… како бе вака го смешавме...де бе…. Па не знам бе друже...него ајде, треба да работам, ми заврши паузата. И потсети ме после работа да купам путер од Кам или Стокомак, имаат попуст, да заштедиме некој денар минатиот пат заборавив, па жена ми ептен ми викаше. Хаос. -Да..да… е па… господине… ви благодарам на времето. Фала. И кај вас.