Штотуку завршија едни од петнаесетте најдемокрастки избори кои се одржани на 21.03.2021 и реакциите не стивнуваат.
Сите имаат свои мислења за оваа неверојатно израмнета битка чив победник не се знаеше до самиот крај.Сепак, после премногу преброујавања, резултатите се тука - ПОБЕДНИК Е ЗОРАН ЗАЕВ!
Но!!!
Тоа не значи дека Зоран Заев ќе биде новиот лидер на партијата.
Фактот што тој добил најмногу гласови на изборите за лидер на СДСМ не значи и дека тоа ќе се случи навистина.
"Видете. Дојдовме на власт после избори каде што не собравме најмногу гласови. Имаше референдум каде праивлата не се почитуваа. Па ако овие работи се вистинити...тогаш зошто Зоран Заев да биде претседател? Собирање на најмногу гласови не носи победа. Излезеност на избори не носи резултат. Почитување на закони и правила не е нешто што практикува нашата партија. Дали ова значи дека треба да свикаме посебно собрание каде што ќе решиме дека овие резултати се небитни и ние ќе си правиме што сакаме? Како што тоа го правиме вообичаено?" - изјави еден член на СДСМ.Шпекулациите велат дека најверојатно владата на СДСМ нема да ги почитува резултатите од овие избори. Па затоа, Зоран Заев нема да стане лидер на партијата, туку на негово место ќе дојде второпласираниот кандидат - господинот Заев Зоран.