Комисијата за заразни болести одлучи да ги продолжи рестриктивните мерки за една недела, откако на изненадување на сите, мерките на Венко Филипче до сега не вродија со плод.
"Мерките ќе продолжат за сите жители. Ние градиме општество каде сите се еднакви и сите закони важат за сите. Затоа, нема да смеете да излезете од дома ако сте КОВИД позитивен, освен ако не сте пратеник. Затоа, не смеете да излезете после 20 часот освен ако не сте пратеник што треба да си ги наполни батериите возејќи мотори. Затоа, доколку сте позитивни и со влошена здравствена состојба нема да може одма да ви дојде амбулантно возило или хеликоптер бидејќи не сте пратеник. Ама освен ова и пар неколку работи, мерките ќе важат за сите бидејќи градиме едно општество за сите! Каде мерките важат за сите!!!" - изјави таму некој политичар, појма неам кој беше овој.