Разликите меѓу владеења, simplified:
Владеење на Груевски:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барaат 50 денари за бурекот.
На продавачката и викаш "Извини, немам пари"
"Што? Имаш пари? Супер! Богат си, се гледа дека се е супер!"
Продавачката ти вика обезбедување и обезбедувањето те брка надвор од бурекџилницата со тепање.
Владеење на Заев:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барат 50 денари за бурекот.
На продавачката и викаш "Извини, немам пари"
Продавачката ти вика "Ако, ние ни бурек немаме. Ама нарачавме сега месо од Америка."
Седите и двајцата.
Чекате.
Продавачката ти бара мито за побрзо да ти ја заврши работата.
На продавачката и повторуваш: "Извини, немам пари"
Таа ти вика "А бе...а да ја смениш нарачката? Наместо бурек месо..еве бе...нека биде симит? Што да не? Нека се смени нарачката не ти мења ништо."
"Не, фала, сакам само бурек"
"Што, сакаш симит? Одлично! Еден симит сега ќе дојде!"
Чекаш уште половина час.
Продавачката ти вика дека нема ни симит.
Владеење на Мицкоски:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барaат 50 денари за бурекот.
На продавачката и викаш "Извини, немам пари"
Таа ти вели "Ymg' ah l' gotha lllln'gha? c' mgep nilgh'ri sorts ot bthnkornah"
Приметуваш дека ти збори на јазикот на Cthulu.
Ти си дел од фиктивниот свет на HP Lovecraft каде сите хорори што не се реални нити некогаш ќе бидат реални се вистински:
Се будиш од сонот.
Се смееш на помислата дека Мицкоски некогаш би владеел.
Плачеш на помислата дека Мицкоски некогаш би владеел.
Се смееш на помислата дека Мицкоски некогаш би владеел.
Владеење на Апасиев:
Не влегуваш во бурекџилница.
Чекаш ред со другите.
На вратата од бурекџилницаита има слика од Апасиев.
Владеење на Ахмети:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барaат 50 денари за бурекот.
На продавачката и викаш "Извини, немам пари"
Додека чекаш ред влегуваат 10 луѓе со маски и калашникови.
Те претепуваат и ти ги земаат десетте денари.
Кога маскираните дечки со калашникови те претепуваат и го напуштаат објектот ти стануваш и велиш дека ова што се случи не е во ред.
Влегува американско обезбедување и те штипнува за образ.
Си купува бурек, ти вели дека се е супер и ваљда нешто ти се причинило.
Владеење на Ѕинго:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барaат бонови за бурекот.
Владеење на Зијадин Села:
Ju shkoni në furrë buke.
Ata kërkojnë 50 MKD.
Велиш "Извини, не говорам албански."
Те екстрадираат назад во Република Северна Македонија.
Владеење на Љубчо:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барат бугарски пасош за да те пуштат преку ред.
Велат дека имаат и попуст ако нарачаш со поезија.
Владеење на Бранко:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Продавачката ти кажува дека е отпуштена, ама не е проблем, барем има нешто заштедено во ТАТ.
Владеење на Лиле ДОМ:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек со месо.
Продавачката ти се дере пошто не си веган.
Си одиш.
Владеење на неВладини организации:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барат 50 денари за бурекот.
На продавачката и вик
А чекај зашто продавачка демек само жените работат во бурекџилница, као што, сфаќаш дека ова поддржува сериозен стереотип дека жените се тука само за да служат?
Владеење на неВладини организации, откако си ја научил својата грешка:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Ти барат 50 денари за бурекот.
На продавачот му велиш дека...
А чекај, зошто продавач, као демек само мажите смеат да работат? Што демек жените дома само за во кујна се и не можат сами да заработуваат пари?
Владеењето на Ѓорѓе Иванов:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Не работи никој во бурекџилницата.
Почнуваш да мислиш да не си влегол на погрешно место.
Ја напушташ бурекџилницата (ако е стварно бурекџилница, можда и не е)
Владеењето на Мијалков:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Сфаќаш дека веќе нема бурекџилница.
Срушена е и на нејзино место се изградени казина, ресторани и хотели.
Обезбедувањето те гледа попреку и не ти дава да влезеш.
Владеење на Паљото:
Одиш во бурекџилница да купиш бурек.
Си купуваш бурек.
Се е супер.
Сонцето свети.
Си почнал со здрава исхрана од време на време.
Почесто се смееш.
Животот е добар.
"ЕЕЕ ХЕХЕХЕХЕХЕХЕ ЈЕПААААА" си викаш сам на себе.
Животот е добар.