logo

# Хумор

ЌЕ СЕ РУШИ ВОИНОТ НА КОЊ! На негово место - Воинка во скафандер

насловна слика

Мал чекор во борбата за рушење на Скопје 2014, но огромен чекор во борба за градење на Скопје 2021! Таткото на главниот град - Петре Шилегов најави реконструкција на споменикот "Воен на коњ" и претварање на истиот во "Воинка во скафандер"

"Хероин! Овај, хероина! Хероина беше девојката што отиде со скафандер на работа иако е ковид позитивна! Си влезе во амбулантно возило, си седеше, си направи селфи, си пиша статус на фејсбук, си собра лајкчиња, ја пофаливме во партија и си гласаше на седницата. И тоа не гласаше за било што, туку си гласаше за пакет мерки за 600 илјади граѓани! Дали вие мислите дека тие 600 илјади граѓани ќе добиеа помош ако болната пратеничка не се појавеше? Секако дека да, бидејќи имаше огромен број на пратеници кои веќе најавија дека денеска ќе гласаат, така да +/- еден/два гласови немаше да сменат ништо... но битен е симболичниот гест! Ризикување на сопственото здравје за лајкови! Нема да и ја заборавиме оваа жртва." - изјави Шилегов

Според една првична анкета, голем дел од граѓаните се ЗА оваа смена, иако има такив што прво ќе чекаат да видат дали некого заразила, па доколку одговорот е позитивен, тогаш велат дека би биле ЗА "Воинка во скафандер"

Коментари


Остави коментар