logo

# Хумор

Ќе биде стрелан поради говор на омраза!

насловна слика
Иако Македонија деновиве е зафатена со реакции поради предвремените избори, тоа не не' спречува да ви пренесеме вести и од остатокот од светот. Имено, дознаваме дека во извесна Република Јужна Измишљотина, познат нивен политичар бил осуден поради говор на омраза. "Министерството за Стокхолмов синдром и омраза на Република Јужна Измишљотина" излегоа со соопштение дека политичарот на нивната земја ги прекршил законите за говор на омраза кога пред 35 години на негова петгодишна возраст тој рекол "Прва жичка за водичка, кој пред мене на мајка му во пичка".  Во продолжение го пренесуваме соопштението на "Министерството за Стокхолмов синдром и омраза на Република Јужна Измишљотина":     "Господинот политичар мора да знае подобро. Десетина личности кои биле негови другари пред триесет и пет години излегоа со обвинувања дека тој, при трката кон локалната чешмичка за пиење на вода после играње фудбал им се обратил со зборовите "Прва жичка за водичка, кој пред мене на мајка му во пичка", ние црвсто стоиме во борбата со сексизмот и силувањето. Сметаме дека мајката на било кое од тие деца не сакала да биде во сексуален однос со петгодишно дете, а притоа сметаме дека нема теоретска шанса ова петгодишно дете да се зафркавало. Да, можеби од тогаш се поминати триесет и пет години, но сите знаеме дека луѓето не се менуваат и големи се шансите дека шовинизмот е се уште длабоко вкоренет во овој човек.Поради тоа што борбата против омразата не запира, казната што му ја одредуваме мора да биде максимална. Тој ќе биде стрелан на локалниот плоштад.Воедно, сакаме да изразиме благодарност на сите кои пријавуваат говор на омраза, закани, и секакво непочитување на законите. Верувајте пробуваме да реагираме на сите пријави, ама знете како е, сепак и ние сме луѓе, работиме по три саати во неделата, па успеваме да реагираме само на одредени пријави. Ама ќе биде. Се со ред." Забелешка од редакцијата на Кооперација.мк: Ние, иако имавме тројка по географија скоро цело основно и средно, немаме чуено за Република Јужна Измишљотина. Претпоставуваме дека авторот на текстот се дрогира и големи се шансите дека ова ќе биде последниот негов текст што воопшто ќе го објавиме.

Коментари


Остави коментар