logo

# Хумор

Какви ќе бидат говорите на македонските политичари во 2099?

насловна слика
Македонски политичари во 2099: "Можеби украдовме пет милијарди додека бевме две години на власт, ама другите украдоа шест милијарди за 2 ипол години на власт. Факт е дека не се сите исти и дека ние сме подобри од нив" "Ако дојдеме на власт ќе предложиме гласање од комфорноста на вашиот дом. Се што ќе треба да направите е да напишете GLASAJ ZA NASITE" "Ветуваме дека ќе го почитуваме референдумот во Република Бугарија на кој што граѓаните ќе гласаат дали Јане Сандански е уствари првиот трансексуален херој во светот. Ако решат дека бил тогаш ние ветуваме дека ќе изградиме пет статуи од Џејн Санденс во Пловдив!" "Проектот "Сними ПорнХаб видео во кое се пенетрираш со фискална сметка и тверкаш во исто време" е неверојатен успех! Очекувајте следна недела да го откриеме победникот!" "Се доближуваме до Европската уметност! После портата, бродовите и панорамското тркало ветуваме дека по теркот на Пиза и Венеција во следните десет години ќе ги искривиме сите згради во главниот град, а планираме и да го потопиме Пехчево за да го зголемиме туризмот." "Во изминатите години ги затопливме односите со Јапонија и признавме дека "Маре, Маре, Марионка личи на Јапонка" е навредлива песна. Ви ветуваме дека во следните неколку години ќе истражиме и дали авторот "Дувна ветре разгиворче" знаел информации за глобалното затоплување, а намерно не ги споделувал!" "Ако ни верувате, искрено се извинуваме што потрошивме сто милијарди евра на градење на lifesize споменици со ликот, телото и останатите органи на Љубчо Георгиевски. Навистина не приметивме дека имаше печатна грешка на нив. Мислам побогу, сите Љупчовци се викаат со П, шо му текнало на овој со Б?" "Дали сметаме дека можеби не требаше да изградиме "Камени Мост 2.0 Longer and Uncut" ? Сите се генерали после војна. Дали требаше да го изградиме со нешто друго освен со глина? Можеби, ама ете, и на прасињата во приказната им требаше пар обиди пред да погодат како стварно да градат. Што? Зошто глината не чинеше десетици милиони долари? Ам...извинете, имам закажано нешто, се брзам." "Постхумно ќе ги ставиме членовите на Куку Леле во алеата на криминалците поради јавно ширење на пропаганда за територијални претензии преку песната "Стамбол со се Бардовци". Ние сметаме дека Стамбол е град во Турција, а како што знаете после територијалната поделба во 2064, Бардовци повеќе не е дел од нашата земја." "Добро видете, можеби Гоце Делчев бил бугарин што говорел на српски јазик и се борел за независно Косово. Тоа сите го знаат. Ама барањата да се откажеме од  тоа дека Гоце Делчев знаел каде се наоѓа Македонија звучи некако премногу, иако тоа го бараат од нас единствените две членки на ЕУ како услов за влегување во Унијата" "Видете ги другите. Не изградија ништо. Факт е дека нашето владеење вроди со плот. Па кој го изгради гигантскиот споменик на Али Ахмети на плоштад? Кој ја изгради фонтаната со Христо Стоичков? Кој направи масовсни статуи од миленичињата на Мелита Ракичевиќ? Секако ние! Продолжуваме во исто темпо!"Добро, можеби го сменивме името на "Македонско девојче" во  "Емоџи од знаме со сонце Емоџи од девојка", а "Ој Вардаре македонски" го сменивме во "Ој Шкендија на жители што живеат на одредена област во балканот, ама да го смениме името на "Море сокол пие" во "Море двоглав орел пие" ? Не знам, ќе размислиме за ова, ќе мора да се консултираме пар пати, не ветуваме ништо..." "Добро, видете, ние сме партија што секогаш се грижела за граѓаните. Тоа што ги намаливме платите за 35 проценти, а не за 36% проценти како тие пред нас само говори за тоа!" "Дали сметаме дека Република РандомГенерираноИмеШтоСеМенуваСоПомошНаИнтернетСајтЕднашНаДесетГодини ќе го реши спорот со Зимбабве? Можеби, мора да бидеме упорни" "Добро, можеби не требаше да донесеме закон според кој секој жител мора аналната невиност да ја изгуби со премиерот, ама ова беше единствена шанса да се доближиме до ЕУ" "Дали ќе се однесуваме демократки и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните на овие избори? Можеби. Ваше е да гласате, а наше е да решиме што ќе правиме. најверојатно ќе фрламе паричка. Ако се погоди глава тогаш ќе правиме тоа што сакаме без да ни е гајле за вас, а ако се погоди петка тогаш ќе фрламе повторно"* = погорните коментари се преведени на старомоден македонски од Албугаровски, јазик кој што е прогласен за официјален во 2056

Коментари


Остави коментар