logo

# Хумор

Како ќе се донесуваат битни одлуки во 2536???

насловна слика
Донесување на битни одлуки во РМ во 2536 be like: -Сите кои сакате да се легализира јадење на гумичката од моливот во коментар пишете LEGALIZIRAJ -Со 3531 коментари NEMAM PROTIV и 0 коментари PROTIV ги прогласувме Господин Мухамед и Госпоѓа Красниќи за маж и жена -Дали сакате да го одложам испрашувањето за следниот час? Пишете во коментар ODLOZI, ако не сте спремни или NEMAMZHIVOT долку сакате уште денеска да ве испрашувам -Ги преброивме коментарите. 132543 од вас коментираа IZLECI. Ќе направиме операција врз детето. Се надевам на повеќе лајкови и шерови во иднина или ќе ја затвориме болницата -Дали сакате да бидете вечно млад? Во коментари пишете VECNO  -Тука бербер Мирослав. Дали да го шишам ова младо дете што слуша метал музика? Пишете коментар SISAJ GO и ќе го шишам -Седница на владата на Република [name available to the highest bidder, последен победник на наддавањето беше Хјундаи , но им заврши договорот пред три недели, следно наддавање ќе биде за 10 дена од сега]. Дали сте за легалзирање за медицински оргии во Жена Парк? Пишете во коментари DA, NE или NE SUM OD TUKA -Дали да се врати смртната казна за луѓе што те викаат на кафе за да ти продадат пирамидална шема? Оваа мерка ја воведовме во 2224, а ја прекинавме пред 10 години. Ако сте за, во коментари пишете BESI GO, ICH NE GO ZHALI, SHO MU EBAM MAMATA -Пак тука бербер Мирослав. Се заебав изгледа прееска, ве молам прекинете да ми коментирате на последниот пост, нема да го сисам.

Коментари


Остави коментар