Сите пратеници од независноста до сега:
Десет членови што ги знаеш по име и презиме, цело време даваат интервјуа, се препукуваат, деца од основно ги знаат, повеќе знаеш за нив него ли за твојот втор братучед.
Од еден до четири членови на рандом партија што појма немаат како влегле во собрание, секоја седница се молат дека нема да им соопштат дека станало грешка и дека ќе ги избркаат.
Пет ликови што биле дел од претходната влада во коалциија со другата партија, ама сега магично ги смениле своите ставови.
Помеѓу 20 и 30 членови што пропуштаат 90% од седниците и покрај тоа што 95% од парите за патни трошоци одат кај нив.
Али Ахмети.
Помеѓу десет и петнаесет членови на албанска партија што доаѓаат на секоја дваесетта седница пошто баш тој ден немале ништо паметно да прават.
Двајца пљампачи. Секоја седница по дваесет пати бараат збор. Нема врска што е темата на седницата битно излегуваат на говорница и во следниот пола саат зборат на сите можни теми. Претседателот на седницата го удира ѕвончето повеќе од 50 пати за да го прекине, ама без успех.
Непознат број на луѓе кои на секое гласање гласаат "Воздржан". Никој не знае кои се овие личности. Секогаш кога има гласање за некој закон постои број на луѓе што гласаат "воздржан". Си ќутат и си примаат плата.
Десетина млади членови кои имале 5.00 просек во основно и средно, а 9.00 во факултет. Не поради тоа што се интелигентни туку поради тоа што роднините им се битни членови на општеството кои платиле за оценките. Затоа и во факултет имаат просек 9.00 за да не биде "А бе...ај да не биде ептен сумњиво, стај му таму деветка, да не прашуваат после луѓе работи..." Никој не ги знае, немаат никаков свој став, само гласаат тоа што ќе им се каже од партија и ја чекаат својата шанса за дваесет години да станат новиот Бранко/Љубчо/Али/Мијалков
5+ членови кои имаат криминално досие. Или требало да бидат во затвор или биле во затвор. Ослободени биле кога нивната партија дошла на власт и сега се спремни да ја "возвратат услугата".
Човек пред пензија. Заспива на секоја втора седница. Мисли дека Тито е претседател. Само еднаш побарал збор на седница и тоа за да праша дали може да оди до тоалет.