logo

# Хумор

Каде се падна паричката кај познатите!!!

насловна слика

Каде се падна паричката кај познатите:

Во домот на Зоран Заев паричката се падна кај Зоран Заев. 

Заев после ова кажа "Не знам што е ова, не примам мито, фамилија Заеви ја знам само од телевизија, од никого ни денар не сум побарал, еве нека кажат сите, сомнителни ми изгледаа уште од порано, знам ги видов еднаш на телевизија и си реков еј, Фамилија Триаеви, какво презиме е ова со бројка почиња, знаев дека нешто не е у ред, неам ја ништо со ова"

Во домот на Христијан Мицкоски паричката падна во рацете на познатиот македонски актер Северџан Бајрам. 

Христијан Мицкоски кажа дека е гордост да се биде пријател на Северџан и планира и во иднина да крши лепче со Северџан.

Во домот на Стево Пендаровски лебот беше поделен на парчиња за него, сопругата, децата, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Вице Заев, Фросина Ременски и Оливер Спасовски. 

Претседателот кажа дека е горд на тоа што за прв пат имаме натпартиско лепче што нема никаква поврзаност со партии.Се уште се врти лепчето.

А додека лепчето е во воздухот да соопштиме каде се паднаа лепчињата во домовите на луѓето што коментираат спорт.Студио?

-Да,  да, Златко еве, тука сум јас, Игорче Трпески коментирам да видам во една просечна фамилија се крши лепче, еве во моментов се врти со пик-ен-рол и пик-ен-поп, ама каде пик-ен-поп без поп, башка скапи се поповите, ама нема врска еве дааа дааа ме гледа во очи газдата на куќата се чуди од каде јас, Игорче Трпески во неговиот дом, но тоа не е битно, еве го вртат лепчето, остај врти си го, ни гмечење ни ништо врти колку сак...ууууу како колку сакааааш...што ли беше оваа....какво паричеее ауууууу страшнооооо

Да, да ти благодариме Трпески Игорче за оваа информација, а од Скопје се селиме во Скопје. На линија го имаме Дарко Панчев. Дарко дали се слушаме?

-Дааа..оваааај..види Златко...ова е....деликатна ситуација..види....за да кршиш лепче...ти треба кршач фантазер, сфаќаш? Некој како Макелеле што беше на времето што кршеше акции ти текиња? Ех, тој Макелеле имаше една мајка, ја валцер имам играно со неа на времето..ама нема везе да се вратам на оваквово...види....треба да кршиш со стил, овие младиве само вртат и не праат ништо. Треба да пенетрираш во средината и да го поентираш лепчето, сфаќаш? 

Ама господине Панчев, што се случи кај вас? Кај кого се падна лепчето во вашата куќа?

-Ам..овај..види Златко...овај...не ме прима Маја, нешто налутена е, ме прашува која ми е таа Коледарчиња и што има во 6 сабајле пред врата да ми се наоѓа? Али овај..оптимист сум ќе средиме до вечер...

А од домот на човекот со една златна копачка, одиме во домот на човекот кој што знае дека ти требаат две патики за да одиш од точка А до точка Б. Златко Калински!

-Да да имењаку, а каква величенствена ноќ. Величенствена небере се доделуваат наградите на дванаесетте величенствени што порано одеа на МТВ1. Величенствена како ноќта кога Клаудио Раниери со Лестер ја освои титулата во Премиер Лигата во сезоната 2015/16. Ноќ што ќе ве остави без здив исто како што Мохамед Али го остави без здив Џо Фрејзер во 1975 во познатата Трила ин Манила. Маестрална ноќ што ќе ве остави подзинати исто како што Ненси Кериган беше останата подзината кога дозна дека Тања Хардинг има вмешано прсти во нападот во 1994. Ноќ што ќе ве остави забезекнати како тактиката "Moneyball" што ја користеше МЛБ екипата Oakland Athletics. А секако дека и ќе ви треба тактика за да стигнете до паричето. Ќе треба да се вртите како Винс Картер на Ол Стар натпреварот во 2000. Ќе треба да гмечите како сите противнички ракометари што го гмечат Столе Стоилов секој јануари на СП и ЕП во ракомет. Ќе треба да гризете како што Мајк Тајсон го изгриза Евандер Холифилд во 1997. Ќе треба да... па добро, тоа е горе доле се што треба да правите. Сепак, во оваа вечер тоа што треба да го направите е да бидете среќни како Каваи Ленар што еднаш во животот само беше среќен и тоа кога постигна кош во последната секудна против Филаделфија Севентисиксерс во 2019, а не тажен како Коби Брајант после освоената титула во 2011 поради тоа што имал проблеми со девојката. Се додека сте среќни и задоволни со најбислките тоа е најбитното. Затоа ви посакувам среќа во 2020, и да доминирате во животот исто како што Јелена Исинбаева доминираше во....

...еј Златко, оваа Јелена Исинбаева значи каква е еј, значи ептен е еластична чоече, ми текиња ја еднаш у Интер кога играв имаше една таква еластична на трибина и после тоа ја...

Ок, тука ќе го прекинеме господинот Дарко Панчев кој се уфрли во збор на Златко Калински за да продолжиме со останатите новости!

Во домот на Никола Груевски форинтата се падна токму кај него! 

Оливер Спасовски му честиташе под долгиот фејсбук статус и му посака да продолжи со пишување на долги статуси на фејсбук и да стигне до барем 99 пасуси во просек.

Во домот на Ѓорге Иванов нема никој. Ѓорге Иванов е исчезнат и никој не знае каде е. Очевидци велат дека тој никогаш не ни постоел и ние сме го замислиле. 

Некои велат дека тој е отиден на некој остров заедно со Елвир Мекиќ, Ерзана, Јован Јованов, Тупак и Елвис Присли. 

Одредени луѓе велат "А бе ајде не зезајте. Ѓорге Иванов е Спајдермен. Кога сте го виделе Ѓорге Иванов во иста соба со Спајдермен? А кога сте го виделе Ѓорге Иванов во иста соба со било кого? Сте го виделе? Сте го чуле? Не? Е па ви викам ја, никад не ни постоел тој чоек уствари..."

Не сме сигурни за оваа информација, ама се надеваме дека ако Мекиќ и Присли се заедно на некој остров дека ќе направат некој кавер бенд што ќе се вика Елвис Мекиќ или Елвир Присли.

Во домот на Љупче Златев лепчето беше поделено на делови за сите блиски луѓе на Љупче Златев.

Само еден дел имаше - за Љупче Златев.

Во домот на Саше Политико паричето падна. После ова, жена му го истепа бидејќи не знае ни едно париче да држи во рака. Саше Политко за овој инцидент го обвини Никола Груевски и тајните руски служби кои пробуваат да му го уништат бракот.

Во домот на Радмила Шеќеринска паричката падна кај Аризона. Шеќеринска кажа дека ова е втор најголем успех за Македонија, после фактот што Никола Скејџ има глумено во филм "Raising Macedonia"

Во домот на паричката Али Ахмети се падна кај паричката.

Кај газдата на Афричка Шљива не падна.

Во домот на Том Брејди падна од рацете на Џулијан Еделман.

Во домот на Доналд Трамп паричката падна кај Иран. Испратени се 99 тимови на специјалци за да ја пронајдат по секоја цена.

Оливер Спасовски вели дека му паднала паричката, и дека 24/7 се работи на тоа да се најде паричката. Вели дека ова нема да остане неказнето и до крајот на 06.01 ќе се пронајде паричката. 

Не кажа која година до душа...

Во домот на Фамилија Маркоски лепчето падна во Колумбија. Фамилијата беше видно расположена и беа презадоволни од вкусот на лебот. 

Велат дека тајната за вкусен леб е брашното.

А се пофали и Мајкл Џ Фокс да ни каже дека му паднала паричката. 

Во домот на Нина Групер паричката се падна кај Господ. 

Одлична шанса за него со помош на скенирање на паричката да биде во конкуренција да освои една од двете главни награди - огромна арка или двособен стан во близина на Џерико.

Влатко Ѓорчев има широка фамилија и вели дека сите подалечни членови имаат дел од лебот и за него. 

Тој вели "Одлични вести! Победувам во Нагоричане! Водам и во Ново Село! Во Делчево губиме 2-1 ама тоа е дека имаат 5 годишно детенце и му местат! Ќе се буниме за ова кај БИК - Бандикова Изборна Комисија!"

Ја запрашавме и Катица Јанева за тоа дали и се паднало паричето, а таа кажа "Што? Кој ви кажа за тоа? Не е точно! Не го знам паричето, од телевизија го имам сретнато нешто, ама неам појма. Кој ви кажа бе? Кој ви кажа? Ајде бегај од кај мене дома! Затварај! Затварај!"

Во домот на граѓаните на Македонија наместо паричка се стави банкнота од 500 евра. Граѓаните велат дека веќе 3-4 години го вртат лебот и се уште на никого ништо не му се паднало.

Кај мене дома стандардно паричката се падна кај мајка ти.

Коментари


Остави коментар