logo

# Хумор

ГРОЗНО! МТВ ги учи децата за љубов меѓу СДСМовец и ВМРОвка!

насловна слика

Денеска, во детската програма на Македонската Радио Телевизија, се појави нешто што ги згрози сите!

Имено, МРТВ одобрила емисија во која се говори дека е возможна љубов, па одозгора на тога, дури и брак помеѓу СДСМомвец и ВМРОвка или ВМРОвец и СДСМовка.

"Ја сум згорзен од ова. Како ги учат децата на вакви работи?  Дно! Грозно! Уништи! Пу пу пу..." - изјави Петре Михајловски, пензионер од Ново Село, кој одбра да останае анонимен при давањето на изјавата за оваа вест.

"Ццц... си го образувал... си ризикувал за него... си вадел од уста за него... си работел... си штедел... си го чувал 9 месеци пред да се роди и... еден ден ти доаѓа дома и ти кажува дека му се свиѓа некоја женска од другата партија?!?!? Па мој син да го каже тоа одма ќе го избркам од дома!" - изјави друг загрижен граѓанин!

Кога го запрашавме Димитар Апасиев за свое мислење, тој кажа дека не е изненаден зошто не направиле емисија за љубов на член на ЛЕВИЦА, пошто ако си со ЛЕВИЦА тогаш си ДЕВИЦА и никој не те ебава.

Христијан Мицкоски кажа дека се уште нема мислење и дека ќе почека неколку години пред да се изјасни со свој став.

Кога го запрашавме Зоран Заев за свое мислење тој доживеа нервен слом. Откако му дадовме вода и шеќерче, тој се врати при себе и кажа "Леле! Шокиран сум! Како не ви е срам! Македонска Телевизија?!?!?!? Па знаете ли дека според договорот што го зачувува македонскиот идентитет и само потврдува дека Македонското ќе остане Македонско... мора да кажете НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА??? КАКО НЕ ВИ Е СРАМ! ОД ВАКВИ КАКО ВАС НЕ МОЖЕМЕ ВО ЕУ! АНАТЕМА! ИШ ОД МОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА! ГИТЛА!!!!"

Коментари


Остави коментар