logo

# Хумор

Го откриваме договорот меѓу Заев и Ахмети! Ќе има ротирање???

насловна слика
ОТКРИЕНО! Тотално легитимниот сајт наречен VistinskiDokaziZaMakedonijaZaprikaSvetotZapirkaIVselenata.Blogspot.Wixsite.Mk.Com открива кој ќе биде следниот премиер на Република Вашата Земја! Имено, Заев и Ахмети се договориле да има ротирање на премиери! Една година премиер ќе биде албанец од ДУИ Една година премиер ќе биде македонец од СДСМ Три месеци премиер ќе биде македонец од ДУИ Три месеци премиер ќе биде албанец од ДУИ Два месеци премиер ќе биде човек од ЛЕВИЦА што пишува со десната рака Два месеци премиер ќе биде Мицкоски Два месеци премиер ќе биде член на ИНТЕГРА Еден месец премиер ќе биде добитник на наградната игра "Со пенис во рака до награда без мака" што ќе биде донесена од страна на владата со цел зголемување на квалитетот на Дик Пикс меѓу младите Еден месец премиер ќе биде среќниот добитник кој во коментар под објавата на фејсбук страната владата ќе пише "SPODELENO SE NADEVAM KE DOBIJAM FALA MNOGU REDOVNO GI KORISTAM VASITE USLUGI SE NADEVAM KE DOBIJAM ZA DA JA IZNENADAM TASHTATA RODENDEN I E ZA DVA MESECA IMAM I DECA DOMA NAVISTINA BI MI ZNACELO AKO ME ODBERETE MENE POZDRAV" Еден месец премиер ќе биде победник на реалното шоу "Х Фактор" - реално шоу во кое ќе се натпреваруваат најголемите фактори во бизнисот со дилање на Хероин Еден месец премиер ќе биде Никола Груевски Еден месец премиер ќе биде робот на кој што ќе му биде аплоудирана интелигенцијата на Амди Бајрам и Лиле Поповска После потпишување на договор за добрососедство со Република Бугарија, ќе мора еден месец да имаме премиер што е жител на нивната земја. Поради тоа, премиер станува детето викаше ""Аз искам да си стана Батман, ама тате иска да стана дилър..."  После потпишување на договор за добрососедство со Република Србија, ќе мора еден месец да имаме премиер што има државјанство од нивната земја. Премиер станува Адриана Лима. После потпишување на договор за добрососедство со Република Грција, ќе мора еден месец да имаме премиер од нивната земја. Поради ова, премиер станува Giannis Antetodolgoprezime После потпишување на договор за добрососедство со Република Албанија, премиерите на двете земји одат да се пијанчат пошто нема што повеќе да им се даде на албанците во државата. Тој месец поминува со Емил Димитриев и Оливер Спасовски како ко-премиери. Поради дого..добро сфаќате, Косово е на ред. Премиерка станува Дуа Липа и потпишува договор за преименување на Македонски Брод, Македонска Каменица и Крива Паланка во Албански Брод, Албанска Каменица и Албанска Паланка. На прашањето зошто го смени и името на Крива Паланка одговара со "Псе Јо?" Во следниот месец паѓа НЛО во Охрид, па поради тоа вонземјанинот што го управувал леталото станува нов премиер на државата за со време да ги затоплиме односите со останатите населени планети. На крајот на месецот вонземјанинот се враќа на својата домашна планета. Го праќаме таму со неколку тегли албански ајвар. Откако вонземјанинот ја напушта планетава, државава запаѓа во хаос поради тоа што останатите партии ја обвинуваат ИНТЕГРА дека имале два нивни членови како премиери. Настанува војна што целосно ја уништува целата држава. Починати се 99.99999% од жителите. Единствениот преживеан станува премиер. "Ех што е добро да си јас..." - си вели сам на себе премиерот Сашо Мијалков.

Коментари


Остави коментар