logo

# Хумор

ЕУ со порака до државава: Влезете во нас за одлично здравство!

насловна слика
Господинот ЕУ пред само неколку минути на вонреден прес се обрати кон граѓаните на државата. Во истиот се вели дека државата треба и понатаму да продолжи со игнорирање на резултати од референдум, помилување на криминалци, убивање на уставот и силување на демократијата во замена за одлично здравство за 420 години од сега.Ја пренесуваме целата изјава во целост:"Видете. Ние имаме одлично здравство. Се грижиме за сите граѓани на нашата унија. Освен овие од Италија, Грција, Шпанија, Португалија и останатите десетина земји. Ама тоа не е битно. Доколку влезете во ЕУ тогаш сигурен сум дека ќе имавте помалку заболени од Коронавирусот. Сигурно ќе бевте слични по бројка како и Шпан..што? Шпанија има ептен многу повеќе од вас? Нејсе. Еве, видете ја и Италија. Па ако влезете во ЕУ тогаш и вие ќе... што? Подобро им оди него ли на Италијанците што им оди? Нема врска. Сигурни сме дека сами не би знаеле ни врвците да ги заврзете. Доколку влезете во ЕУ тогаш сигурно ќе знаете какви мерки да направите во борба со Коронавирусот. Па еве, видете како прават Швеѓан... што? Шведска не превзема ништо во борба со вирусот? А бе...ај не го тупете да му еам, ви викам сеа све е супер тука, и не го тупете, ај чао, мора да одам нешто, филм дома имам за глеање и така. И кажете им на Италијаните не им праќаме помош, сами нека се замараат"

Коментари


Остави коментар