logo

# Хумор

Ексклузивно откриваме детали за изборите!!!

насловна слика
Календар за следната недела: 13 Јули: Во последен обид да добијат гласачи Заев ветува дека просечна плата ќе биде "Еден остров" т.е. дека секој граѓанин ќе добие еден остров во Океанија наместо пари. Мицкоски ветува дека еден остров е премалку, и ветува дека секој граѓанин ќе добие една планета како минимална плата. 14 Јули: Среде предизборниот молк одекнува бомба! Најверојатно во Чаир. Освен тоа, се појавува и аудио бомба. Разговор помеѓу комичар од Етиопија што се преправа дека е Зоран Заев и комичар од Бурунди што се преправа дека а Христијан Мицкоски. Разговорот на овие двајца завршува после 25 секунди откако и двајцата сфатиле дека соговорниот не е "вистинскиот" поради тоа што звучеле како да имаат повеќе од 2 IQ 15 Јули: Процентуалната излезеност е малце поголема од процентот на алкохол во лименка на Скопско Радлер. Поради недовербата во политичарите, голем дел од гласачите отишле само на ливчето да пишат "Гласам за куров мој" 16 Јули: ДИК се огласува со официјални резултати. "Куров мој" победува со 98% од гласовите. Братучедот на Шричин Мој се огласува. "Не, јас Куров Мој, одбивам да станам нов претседател на вашата Република" 17 Јули: На МТВ се одржува вонредна емисија со лидерите на најголемите политички партии во државата - СДСМ, Алијанса на Албанците, БЕСА, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. На оваа емисија се соопштува дека ќе има нови вонредни избори на кои што никој не смее да гласа за "Куров Мој". Поради тоа што не биле викнати на оваа дебата, Димитар Апасиев излегува на прес да соопшти дека името на партијата ќе се смени во "ДЕВИЦА" бидејќи никој не ги ебава ни два посто. 18 Јули: Заев и Мицкоски излегуваат да кажат дека ќе ги почитуваат резултатите на новите избори и нема да прават никакви проблеми. Воедно, кажуваат дека нема шанса да има премиер албанец. 19 Јули: Мицкоски и Заев велат дека доколку не победи нивната партија дефинитивно резултатите се наместени, нема да ги почитуваат и ќе прават секакви проблеми. Премиер Албанец? Псе Јо? Итар Псејо. 20 Јули: Се случуваат нови избори. Поради тоа што не смеат да гласаат за "Куров мој" гласачите се решаваат за алтернатива и гласаат за "Мајка ти" 21 Јули: Мајката на познатиот рапер "T.I." вели дека не е будала да се замара со политика. ДИК најавува нови избори на кои смее да се гласа само за политичките партии и ништо друго! 22 Јули: Некој што го чита ова сфаќа "ЕЈ чекај малце, како тоа 22 Јули, нели календаров е за следна недела само? Ајде, ваљда ќе оди до крај на месец, сфаќам ја, не сум до толку буквалист" 23 Јули: Лидерот на ИНТЕГРА се појавува на прес. Вели дека се успал и заборавил дека уопште требало да има избори. Прашува кој победил. Добива одговор. Враќа "Еј ај да не мешаме мајки сеа..." 24 Јули: Заев и Мицкоски по телефонски разговор со еден наш новинар потврдуваат дека нема да има премиер албанец, нема да има конфликти, ќе ги почитуваат резултатите и ќе се однесуваат демократски. Проблемот настанува кога се слуша "Хаха, еј ми поверуваа овие бе хаха, колку се глупи ова нашиве новинари не ми се верува бе брат. Шо? Дали сум спуштил? Хаха, да бе, сум спуштил ти мене за шо ме смет..ееееј забораив...." после крајот на разговорот. 25 Јули: Излегуваат резултатите од изборите. Нерешено е помеѓу Заев и Мицкоски. Али Ахмети вели "Ако сакате коалиција со мене мора јас да бидам премиер. Во спротивност повторно ќе одам во шума!" 26 Јули: Запрашан од медиумите за зборовите на Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов кажа "Ако бе, нека оди во шума, убаво е времето, башка добро е да се наполнат батериите од асфалтската џунгла, Јули е убаво време за одмор". 27 Јули: Заев вели дека е патриот. Нема да дозволи албанец да стане премиер на републиката. Сепак, и покрај тоа, свесен е дека единствно решение да дојде на власт е да направи коалиција со друга партија. 28 Јули: Заев потврдува дека новиот премиер нема да биде албанец. Ќе биде некој што е роден во Бруклин, САД. Време е за нов премиер што ќе проба да ја оправи републиката! 29 Јули: Зоран Заев ја предложува Бебе Реџа за нов премиер. 30 Јули: Мицкоски вели дека не се сложува со овој избор и има свој кандидат за премиер. Вели дека можеби треба да има нови предвремени избори. Избори на кои што граѓаните ќе сфатат дека во светот не е се црно или бело. Понекогаш е и сиво. 31 Јули: ДИК најавува нови предвремени избори на кои граѓаните ќе треба да го одберат новиот премиер. Единствени партии за кои може да се гласа се СДСМ и ВМРО. Кандидатот на СДСМ е Бебе Реџа, а кандидатот на ВМРО е Саша Греј. 32 Јули: Доналд Трамп се појавува на прес во САД. Вели дека законот според кој Јули ќе има подеднаков број на денови колку тој што има поранешни бракови е маестрален, одличен, перфектен, извонреден, еден од најдобрите закони во годината. Вели дека најверојатно ќе ги победи Кање и Бајден на изборите во САД. Воедно, сака да упати жалост кон жителите на Цебепха Мацедониа и дека е навистина тажно што сите жители на ова место починале од КОВИД-19 кој заборавиле да го третираат поради интензивната политичка кампања. Сепак, тие, Американците, не треба да се плашат од КОВИД-19 бидејќи тој имал искуство со 19 годишни. 33 Јули: Врчак излегува од еден од бункерите на Енвер Хоџа. Тој, Ерзана, Елвир Мекиќ и девојчето што пееше "светот има осум страни" конечно побегнале од Илуминатите кои присилно ги држеле таму. Најверојатно тие се единствена и последна шанса за повторно да се насели Македонија.

Коментари


Остави коментар