logo

# Хумор

ДПМНЕ: СДСМ ни ја украдоа идеата за гласање на еден кандидат

насловна слика

Нов ден - нов скандал на нашеземјестата политичка сцена. 

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Социјал Демокраскиот Сојуз на Мнематуканиоштонегледатемекратенказанашатаземјавемоламкомшиинениправетепроблемиќенаправимесезавасданесакатеитабанитедавигииспереме дека им ја украле идејата за гласање на лидер на партијата каде има само еден избор.

"Мицкоски немаше противконкурент. И Заев исто. Мислите демек случајно е ова? Ни ја крадат идејата. Ние први почнавме со демократијата каде смеете да бирате помеѓу еден кандидат или истиот кандидат. Ова е само доказ дека владата на СДСМ нема ниту една креативна идеја и дека се што прават е само копија на нашата партија."

ВМРО-ДПМНЕ исто така ги обвини и социјал-демократите дека им ја украле и идејата за катастрофално водење на државата, а од таборот на СДСМ добивме одговор "Еј пер, не можам сега да давам мислење за сајтови, цел ден се мислам за кој да гласам на изборите за претседател на СДСМ, значи ај, да ми текне за кој да гласам, па ќе видам, ќе размислам, ќе ти дадам официјално мислење, те молам не ме замарај сега."

Коментари


Остави коментар