logo

# Хумор

Царовска најави: Професорите ќе се облекуваат како кловнови за да им е интересно на студентите

насловна слика

Новите царски реформи на милата министерка не запираат. Откако изјави дека на учениците им е досадно на училиште, таа веднаш дојде до решение со цел часовите да бидат поинтересни за сите инволвирани во процесот.

"Професорите ќе се облекуваат како кловнови." - категорично одговори Мила Царовска на прашањето што ќе направи за предавањата да бидат поинтересни.

"Нема друго решение. Ќе се облекуваат како кловнови. Кој не сака кловнови? Смешни се. Јас пораснав со Биди и Бади па што ми фали? Е сега добро, има некои што имаат фобија од кловнови. Тоа е уште подобро. Учениците со ваква фобија ќе бидат на штрек цело време и ќе бидат исплашени дека кловнот нешто ќе им направи ако тие не ја научат лекцијата! Веруваме дека резултатите на студентите ќе се подобрат, а веруваме и дека поголем број од учениците ќе најдат нова љубов за предметите со оваа реформа"

Освен ова, Мила Царовска најави и дека професорите сами ќе мора да си купат кловновски униформи, бидејќи задачата на Министерството за образование не е да се грижи за професорите.

Коментари


Остави коментар