Милата Мила Царовска продолжува да ја бранува македонската јавност како да е дебел македонец во мал базен. Откако ги најави новите промени во образованието, голем број на граѓани рекоа дека не се задоволни од нејзиното министерување, на што министерката имаше контра-коментар.
"Не им се свиѓало каква министерка сум? Е па, нека си направат своја министерка. Има сега 3Д принтери. Луѓето прават цели коли со 3Д принтери. Зошто да не направат и своја министерка со 3Д принтер? Најверојатно пошто не ни знаат што се 3Д принтери? Тоа е, заостанати луѓе што одбиваат да се дигитализираат, логично е дека нема да ги сфатат моите генијални реформи" - изјави Царовска.