Вести од: 5.05.2103
Е вака се сака татковината!!! Познатиот македонски поет Белчо Црнковски докажа дека вака се сака државата!!! Имено, овој патриот докажа дека за него не важат никакви договори и кога ја примаше наградата за "Нај-ок Македонец у државата" (што по дванаесетти пат ја доделува владата на ДУИ) тој храбро кажа дека се идентификува како македонец. Сепак, неговите храбри патриотски потези не застанаа тука! Тој, во својот говор искористи 232 зборови на албански и дури пет зборови на македонски јазик!!!
Дел од граѓаните сметаат дека ваков потег е албанофобски, ја поделува јавноста, а македонскиот поет мора и да се извини на своите фанови за тоа дека меша политика на ваков настан. Овие луѓе сметаат дека е залудно да се зборува за било што и дека регресивните граѓани на Република Источно Косово треба да ја прифатат реалноста дека "Законот според кој јазикот на малцинството е официјален" не е изгласан, а со тоа и дека секој обид да се говори на македонски јазик е противуставен.Клонот на Сашо Мијалков вели дека ќе покрене обвинение против Белчо Црнковски.