logo

# Хумор

Апасиев за Европската Супер Лига: ЌЕ ИМ ПАДНЕ НА УСТАВЕН!

насловна слика
  • Целиот фудбалски свет е потресен од најавата за Европската Супер Лига, а УЕФА и ФИФА веќе најавија сериозни казни за учесниците.
Сепак, познатиот деснак левичар - Димитар Апасиев вели дека нема потреба за нервози. "Ќе им падне на уставен! Нема ова долго да трае! Уставен, ОЈО, ако треба и Стразбур!" - кажа Димитар Апасиев пред да биде потсетен што е темата на разговорот. "Аааа фудбааал... ја па мислев нешто за политика зборите. Ако бе... можда и ова ќе падне на уставен? До душа никогаш ништо не паднало на уставен... ама можеби сега ќе? Или на ОЈО? Или во Стразбур? А чек бе, тие Стразбур у втора француска лига се, а? Ај ќе ги стаам на тикет, ваљда ќе тепаат, па барем јас да паднам на Стразбур ако веќе ништо друго не паѓа во Стразбур..." Здружението на кладилничари на Македонија исто така се јави со свое мислење. "Не боли... тоа таквото. Не е битно дали ќе паднеме на Јунајтед против Барнли или на Јунајтед против Барса. Секако ќе паднеме." - се вели во соопштението за јавноста

Коментари


Остави коментар