logo

# Хумор

Али Ахмети најавува: ПРОТЕСТ ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ОД 2001!

насловна слика

Откако минатата недела се одржа протест за уставобранителите од 27 Април, лидерот на ДУИ - Али Ахмети, веќе најави свој протест за уапсените за тероризам од 2001!

"Мора да има правда! Тие се чесни луѓе кои во 2001 се бореа за уставот! Едноставно не е фер одлуката да бидат обвинети за тероризам и дури од тогаш до сега да седат во затвор! Ослабнаа луѓето и физички и психички! Затоа, сите ќе се собереме на протест пред владата за да побараме ослободување на осудените за терор... пардон, на Нокиа ми звонат, да видам што е, итно е ваљда..." - кажа Али Ахмети среде неговиот говор кон новинарите.

Веднаш потоа, тој продолжи:

"Се извинувам. Ми се јавија сега. Грешка моја. Немало никој уапсен за тероризам во 2001, сите се во партија кај мене, супер живот си тераме. Се извинувам. Сепак нема да има протест. Ќе си продолжиме по старо. Уште еднаш, извинете господа новинари што ве викнав тука. Моја грешка."

Коментари


Остави коментар