logo

# Хумор

Ако во нормален живот се одговараше како спортисти на прес

насловна слика

Ако во нормален живот се одговараше како спортисти на прес после натпревар:

-Е брат, шо праиш? Како животот?

Па живот, уфффф, зезнат противник, знаеме колку луѓе изгубиле против него ама... Ете, анализиравме од каде е најопасен, каде напаѓа, од каде да се браниме ииииии па добро, нема да биде лесно, сепак тоа што играме на домашен терен е добро....ииииии имамеееее помоооош оооооод ете...домашните кои што се тука со нас. Добро, некои од фановите знаат и да пцујат ако не оди добро ама ете...можеби во моментов сме во лоша серија но ете, ќе се вратиме пак во следното коло, и ќе пробаме да нападнеме пак.

-Сине, ги добивме оценките од родителската и многу двојки и единици имаш

Пааа дааа...добро...не сакам да покажувам со прсти. Дефинитивно нема да кажам дека судиите се виновни за овој резултат, ама сепак едно е да одиш сам против себе, друго е да одиш и против противникот, а ептен е тешко кога ќе одиш и против судиите. Сепак, судиите не беа на ниво денеска, делуваа како да грешат премногу. Не ги имаа истите аршини и за нас и за другите, ете приметете Коле од трета клупа, за сличен одговор доби поени, а ние не добивме. Но тоа е, се надеваме дека на следниот меч ќе биде подобро судењето, се надеваме дека ќе може да играме по наше, дека судиите ќе ни дозволат да ја играме нашата игра, сепак ние имаме свој препознатлив стил, и тоа е, да се надеваме дека ќе победиме во реваншот на крајот на сезоната

-Дали ти, ја земаш оваа дама за твоја сопруга?

Пааа...добро...амм....ајде...да не откриваме се пред време....сепак..ние го знаеме одговорот...се спремаме...без да делуваме скромно знаеме дека оваа дама е квалитетен противник, знае како да чува, знае како да напаѓа и е ол-араунд одличен противник што до сега има серија од неколку победи против послаби противници од нас, но ете, сепак веруваме дека овој пат резултатот ќе биде поинаков. Спремни сме, работевме напорно на кондиција, и се надеваме дека овој пат резултатите ќе бидат на наша страна.

-Еее пер, слушнав нешто жена ти те избркала од дома дека те фатила во кревет со друг гол маж?

Па добро, таква ни е земјата, заостаната, Еве, видете во САД? Сте гледале НФЛ? Видете тенис. Сте виделе таму? А Премиер Лига? Лига на Шампиони? Секаде има ВАР. Ние за жал малку каскаме во место. Сигурен сум ако имаше видео проверка на ситуацијата дека ќе се видеше дека не е гол. Ама не е гол! Нема шанса да е гол јас ви гарантирам дека не беше гол! Ама тоа е, се додека немаме шанса да провериме што навистина се случило нема да може правдата да победи. Фала многу, пријатно.

-Кога ќе се жениш ти?

 I have nothing to say

-А со факсот до кај си?

I have nothing to say

-Нешто работа ова нешто планираш? Време ти е

Nothing. Nothing to say.

-Види го братучед ти Мите, и работа, и жена и факултет заврши уште пред пар години..

(се сеќаваш дека Мите редовно ја изневерува сопругата, плаќаше мито да работи факултет, а наместо работа дила дрога и дома ги лаже неговите) I prefer not to speak. If I speak I'm in big trouble.

Коментари


Остави коментар