Во обид да бидат казнети сите граѓани што се грижат за своето здравје, Државниот Завод за Статистика реши сите граѓани што нема да бидат најдени дома да бидат дополнително казнети.
"Триста евра и корона батец. Доколку попишувачите не ве најдат дома, тие имаат дозвола да ви ја лижат кваката и да ви кашлаат на истата. Сепак ние сме сериозна организација. Попишувачите ќе патуваат од дом во дом и прашање на време е кога ќе фатат корона. Затоа имате избор. Отворете им ја вратата на попишувачите или ризикувајте следен пат кога ќе ја фатите кваката да бидете заразени од корона. Што ви е поважно - вашето здравје или вашето здравје? Имате избор - фатете корона со отворена врата или фатете корона со затворена врата. Ист избор како и што СДСМ имаа. Демократијата пред се" - вели еден од вработените во Државниот Завод за Статистика.
Граѓаните се уште не се сигурни дали вршење на попис во време на глобална пандемија е најдобриот потег.
"Јас ќе го слушам Филипче. Филипче ми кажа да седам дома и да избегнувам групирањ... што? Сега вика да отворам врата на странци? Секако. Ќе го слушам Филипче. Живот давам за Филипче" - изјави еден анонимен граѓанин.
Сепак постојат и такви со различни мислења.
"Ќе им отворам. Тие цел ден го поминале одејќи од куќа во куќа. Сигурно ќе фатат корона пошто фала богу вакцини немаме. Јас сум суицидален и депресивен, и за вакви луѓе како мене што немаат пари да си купат пиштол и не знаат да заврзат ортома, овој потег на владата е генијален. Ако треба три четири пати ќе се попишам, да се зголеми шансата да ја фатам смртоносната облест." - изјави уште еден анонимен граѓанин, за кој ние сме видно загрижени.
ЗАБЕЛЕШКА:
ОВОЈ ТЕКСТ Е ПОЛОВИЧНА САТИРА
Иако текстот е сатиричен по природа сепак вистина е тоа дека ДЗС најавува казни ако пробате да се заштитите од коронавирусот. Исто така не е сатира дека Венко Филипче вели да не се групирате и да се групирате во исто време.
Како е возможно ова да не е сатира? Не знаеме.
Што друго да ви препорачаме освен тоа да се чувате, да внимавате и да го направите паметниот избор:
А) Слушајте го Филипче и отворете врата на попишувачите
Б) Слушајте го Филипче, одбегнувајте групирања со странци и чувајте се од короната
Внимателно - и двата избори ќе бидат казнети од страна на ТоталноДемократскатаВладаНаСДСНаВЗ