Ако нормални луѓе одговараа на прашања како политичарите
Ако нормални луѓе одговараа на прашања како политичарите:
-Еј пер, шо има бее? Од дамна се неаме видено богами, ај нешо пиво-миво да праиме а?
Да, во ред, ќе ви одговорам на сите прашања по ред, ама прво да кажам дека ми е чест што ми ги поставивте сите овие прашања и што сте свесни дека за разлика од некои други сепак јас сум тука, спроти вас и спремен сум да ги одговорам овие прашања. Па нели е непријатно кога некого ќе го сретнеш на улица а тој ќе се преправа дека не ве гледа? Ви текнува ли еднаш пред неколку години кога така кренавте рака на еден концерт, а тој не ве ни погледна? Ви текнува? Е сега нека ви текне дека јас тука сум, ве слушам и дури ви одговарам на праш...
-А бе пер, ти ништо не ми одговори уствари?
Да, ве слушам. Доста беше. Доста беше тоа некој да не ти направи муабет, да не ти застане, да не те поздрави. А јас сум тука и спремен за поздравување. А сега поздрав и се гледаме во подобри денови...пер.
-Ладничко некако бе а?
Ви текнува ли како беше порано? Ви текнува ли? Па еве, ти текнува ли јас и ти кога бевме излезени минатиот Јули колку беше топло? Ти текнува ли? Секако дека ти текнува. Не сакам да велам дека тогаш беше топло поради мене. Не сакам да ја земам целата заслуга. Не сакам да кажам дека тоа било така, но не сакам ни да глумам лажна скромност. Ете, тогаш бевме вака седнати на кафе и беше топло. Од тогаш помина многу време и најверојатно со други личности си бил на кафе. И ете, гледаш, време е да се соочиме со фактите. Со мене било топло, па после долго време без мене магично станало ладно? Очигледно е. Но, ќе ве оставам сами да стигнете до заклучокот кој за што е виновен или пак не е виновен...
-Број 25 во дневник, ајде да одговара
Да. Број дваесет и пет. Дваеасет и пет. Има дваесет и четири луѓе пред нас. Дваесет и четири луѓе кои што само седат, дремат, мастурбираат и гледаат серии. Дваесет и четири луѓе кои што не би можеле да се носат со притисокот да треба да одговараат пред целиот клас. Дваесет и четири луѓе кои можеби би реле дека "ете, учеле, ама немаат повторено" но и вие и јас знаеме дека тоа не е вистина. Па до кога ќе го делиме овој клас на наши и ваши? До кога ќе го делиме овој клас на петкаши и двојкаши? Ви велам, време е сите заедно да се сплотиме и да работиме за подобро утро. Да работиме за подобри резултати. Нека се препишува домашно од бубалиците. Нека се пренесуваат новости на вибер. Нека не се издаваат нашите соученици што препишуваат. И ние сме чеда на овој клас! И ние заслужуваме подеднаква шанса! И да! Ако некој треба да стане пред овој клас и да зборува како политичар се додека не заѕвони ѕвончето тогаш не е проблем! Ќе се жртвувам! Нека помине овој час наменет за испрашување само со мене! Нека...ееееј ѕвони јеееј ај одиме до сендвичара а?
-Дечко, извини имаш нешто поситно да платиш? Нешто десетки на пример?
Ситно. Ситно. Ситно. Не поситнија. Се стиснавме. Ситност станавме. Ситно се брои. Ситно се брои до нивниот пад. Ситно се брои до тоа кога повеќе никој нема да има ситно туку само крупно. Крупно ќе биде се. Крупна ќе ти биде платата. Крупни ќе ни бидат паричниците. Крупен ќе биде половиот орган на твојот сопруг. Крупен ќе биде Кепески. Уствари тој Круме беше не беше Крупе. Ме сфаќаш бе. Крупни ќе бидеме сите.
-Сине бе, ајде, имаме дома благо, ајде не плачи, друг пат ќе ти купам чоколади, ајде дојди сега треба дома домашното да го напишеш по Општество..
МОРА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕВРОПА! Европа! Европа! Европа! И ништо друго! Едноставно одбивам иднина во која што јас не сум влезен во Европа! Одбивам се друго освен Европа!!
-Ок, аплицираше за работа, еве те викнавме на интервју. Кои се твоите силни страни? Кои се твоите способности?
Моите способности се неверојатни. Имам голем распон на вештини, способности, карактеристики, таленти и останати слични зборови. Можам да почнам да зборувам за моите силни страни до утре. Но тоа нема да го направам. Сепак, глупо е да трошиме време и енергија на работи кои што се пишани само на хартија. Сакам да се концентрирам на сегашноста и иднината наместо на минатото кое што не можеме да го смениме. Ајде луѓе да продолжиме да гледаме напред. Еве, види, што гледаш ти пред тебе? Што гледаш ти ако погледнеш напред? Ме гледаш мене? Секако дека ме гледаш мене, пред тебе сум. Јас. човек со големи вештини, човек кој заслужува да биде вработен во оваа фирма и да добива неверојатна плата! Човек кој заслужува да...еј ало обезбедување кај ме носите бе алоооооо... еееееј помош малце бе алооооооооо
-Па, ајде кажи ми нешто повеќе за тебе? Кои се твоите планови во иднината?
НАТО! Ќе влезам во тебе!
-Ам...Ката..Ката се викам....многу чуден прв состанок е ова мора да кажам, ама барем сакам мажи што се директни...