"ЕУ е права ствар" - вели човек што знае само за Германи
Триесет и пет годишниот Миле Манчевски има само една цел - да влезе во ЕУ и неговиот живот магично да се смени за 360 степени. Секако, Миле не знае дека 360 степени значи дека пак ќе завршиш на истото место, но тоа не го спречува да мисли дека влезот во ЕУ ќе му донесе живот на висока нога, ќе го направи да изгледа ко Бред Пит или дека конечно неговата депресија ќе исчезне.
"Братче, да беше лошо во ЕУ немаше пола од екс-Југославија да оди во Германија. Ти текиња? Си одат, си лапаат минималец за чистење гомна и си криват капа. Е сеа добро, Британија излезе. Шпанија и Италија имаат лоша економска состојба и секојдневни скандали. Грција банкротираше пред пар години. Во Франција ситуацијата е на раб на граѓанска војна. Романија и Бугарија се бетер откако влегоа во ЕУ. Ама... Германија си растура бе Џони, не може да е ЕУ лоша работа, ја сеа чекам бугарски пасош и ќе летам за ЕУ. Башка видиш, таму сите се еднакви, дури и нео-нацистички партии добиваат гласови и места во нивниот парламент. Германија е права ствар бе Џони, слушај шо ти зборам ја" - вели Миле кој немаше одговор на прашњето "Ако ЕУ магично ти дава крилја, зошто не најдеш работа во Романија или Бугарија?"