logo

# Сатира

СЕ РОДИЛ КОГА ПОЧНА ИЗГРАДБАТА: Денес работи на завршување на автопатот Охрид-Кичево

насловна слика

Цветко Б. од Издеглавје имал само 1 месец кога заедно со своите родители присуствувал на свечената церемонија по повод поставување на камен-темелникот на автопатот Охрид-Кичево, а денес, заедно со татка си, е еден од работниците што го довршуваат започнатото.

 

- Како брзо летаат еврата... Како вчера да беше кога мајка ми ме носеше да го посетиме татко на неговото ново работно место - работник на автопатот што ќе чинеше 350 милиони евра. И еве денес, 600 милиони евра подоцна, заедно го привршуваме она што тој го започна. Како на филм. - рече низ солзи радосници новиот работник на легендарниот автопат и не заборави да им се заблагодари на сите власти до сега за добро завршената работа: 

 

- Знаете ли колку работници ќе останеа на улица ако автопатот се завршеше во рок? Колку млади ќе се иселеа, колку работни места ќе се изгубеа? Затоа искрено благодарам до сите што се погрижија ова да трае и трае, и искрено се надевам дека еден ден и мојот син ќе има шанса заедно со мене да продолжи да работи на него.

Коментари

Гостин

Веројатно и ќе се пензионира на свечаното отварање...

Гостин

😁

Гостин

I negovite vnuci ke rabotat na istiot pat

Гостин

sramota

Гостин

A i negovite vnuci ke prodolzat po negovite stapki


Остави коментар

Архива по датум